Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати противниците на РК Вардар за полуфиналето на СЕХА турнирот

Познати противниците на РК Вардар за полуфиналето на СЕХА турнирот

Двократниот Шампион на СЕХА Регионалната лига РК Вардар повторно како и секоја година од основањето на истата ќе се бори за трофејот на завршниот турнир . Годинава раководството на регионалната лига одлучи истиот да се одигра во Веспрем од  25 Март до 29 Март .

Домаќинот и првопласираниот во регуларниот дел заедно со РК Вардар кој како второпласиран ја заврши првата фаза во регионалната лига ќе имаат повластена позиција односно ќе играат дирекно во 1/2Финалето на турнирот на кој ќе настапуваат најдобрите 6 екипи од СЕХА Регионалната лига. Вардар во полуфиналниот меч ќе го чека победникот од дуелот на Нексе и Мешков , Веспрем победникот на ППД Загреб и Татран . Се очекува по квалитетот на составите и прикажаните игри годинава во регионалната , но и во шампионската лига финале помеѓу домаќинот дебитант во натпреварувањето и нашиот двократен шампион во СЕХА Регионалната лига Вардар . Овој меч би бил вистински крем на сезоната во СЕХА Лигата финале достојно за два тима кој имаат високи очекувања и желби и во самата лига Шампиони .