Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Блажевски и Пачовски на списокот на Бошко Ѓуровски!

Блажевски и Пачовски на списокот на Бошко Ѓуровски!

10888618_873280569402492_4300171484516165018_n
Нашите играчи Томе Пачовски, и Дејан Блажевски се најдоа на поширокиот список на Селекторот Ѓуровски за натпреварот против Белорусија, кој ќе се одигра на 27-ми март на Националната Арена Филип II.

Само три натпревари му беа доволни на популарниот Шиле за да ја добие довербата од Селекторот за овој натпревар. Долго време Блажевски немаше добиено покана за А репрезентацијата на Македонија.

Додека пак стандардно, капитенот на Македонија и наш член Томе Пачовски доби покана и за овој натпревар со Белорусите.

Во иднина очекуваме Попов, Глишиќ, Грнчаров, Глигоров, Спировски, Ивановски, Петковски, и др. да добијат шанса од нашиот селектор.