Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор сигурно чекори кон Супер лигата
Вардар јуниор сигурно чекори кон Супер лигата

Вардар јуниор сигурно чекори кон Супер лигата

Од следната натпреварувачка сезона се поизвесно е дека ракометниот клуб Вардар ќе има два преставника во Супер лигата. Вардар Јуниор е втората екипа која сигурно чекори во најдобрата Македонска лига, и која ќе им прави друштво на првиот тим. Во С.Р.Ц. Кале избраниците на Пепи Манасков ја прегазија екипата на Феникс Битола со убедливи 46:18. Ова е вкупно девета победа, во исто толку одиграни натпревари.

Добрата одбрана на Вардарци беше пресудна за големата победа на овој дуел. Освен почетното водство на гостите, остатокот од мечот им припадна на црвено-црните. На полувреме се замина со предност од 23:6. Манасков им даде шанса за настап на сите ракометари кои му беа на располагање. Во вториот дел разликата се зголемуваше после секоја минута, за на крај да достигне максимални 28 разлика.

Ѓоргиевски и Јовчевски постигнаа по 6 голови. Ги следеа Поповски и Чурлевски со по 5 постигнати голови.