Во сабота на 11 Април во организација на Атлетичарската Федерација на Македонија на атлетската патека која се наоѓа на Националната Арена Филип Втори ќе се одржи државното првенство на 10,000 метри .
Во трката ќе учествува и нашиот атлетичар од Вардар младиот и надежен Македонски репрезентативец Завировски Петре . Очекувањата се да истрча со време под 35 минути . Оваа трка е само подготвителна во циклусот подготовки за Скопскиот маратон кој е во должина од 42.195 метри . Нашиот атлетичар ја темпира формата за големиот мајски предизвик на улиците на нашиот главен град . Изминатите 5 дена во подготовките има истрчано вкупно 120 километри .
Последна трка на која учествуваше Завировски трката која се одржа на 8ми Март во Парк Шумата на Гази Баба скрос-кантри трка “Gazi Baba HC challenge “ на која беше 8 пласиран .