Вчера на воениот стадион во Скопје беше одбележан денот на CISM -меѓународен сојуз на воени спортови .
По тој повод на кејот на Вардар се оддржа крос-кантри трка на 8км. На оваа трка настапи нашиот атлетичар Петре Завировски. Ова е негова прва трка оваа сезона . Патеката долга 8км ја мина за 26:40 каде што во фер плеј финиш со атлетичарот Жан Тосев го подели првото место.
Следна трка на која ќе настапи нашиот атлетичар Завировски Петре е “Gazi Baba XC Challenge “ во организација на endurance.mk во парк шумата на Гази Баба на 08-ми Март Годинава . Како што веќе известивме главен таргет на Завиривски за овој прв дел од сезоната 2015 е “ Скопски Маратон “ каде очекува да постигне личен рекорд и да биде освојувач на истиот .