КК Вардар М-16 се натпреваруваат во најсилната супер лига.Претходно регуларната сезона ја завршија на првото место со само еден пораз.
-Регуларниот дел од групната фаза нашиот клуб Вардар ја одигра во најсилната група.Со тимска игра и напорни тренинзи успеавме да го освоиме првото место од групата со 9 победи и 1 пораз.
Црвено-Црните момци на КК Вардар М-16 во Супер Лигата продолжуваат со добри игри, каде по два одиграни натпревари имаат исто толку победи.
- 1 коло: Вардар-Шкупи 80:48
- 2 коло: Вардар-Академија ФМП 70:55
-Со натпреварите во суперлигата започнавме во февруари . Во првите натпревари покажавме добра игра и тимско залагање и се надевам на добра форма во понатамошните натпревари. Во суперлигата се натпреваруваат најдобрите екипи од Македонија и под водство на нашиот тренер Младен се надевам дека ке успееме да влеземе во четирите најдобри екипи кој ке разигруваат на крајот од првенството – ни изјави Кристијан Арсовски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски