Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО ) Фк Вардар – Ѓургарден 1:2

(ВИДЕО ) Фк Вардар – Ѓургарден 1:2

Натпреварот помеѓу нашиот Вардар и Шведскиот тим, екипата на Ѓургарден кој заврши со резултат 1:2 ( 0-1) . Мечот се играше на теренот на Емирхан Сиде -Анталија .

Ова беше воедно и прв пораз на нашите момци на подготовките во Анталија. Прв поведе тимот на Ѓургарден со голот на Мрабти во 18 минута . Голот за Вардар го даде Артур Миранјан во 75 минута од мечот и кога сите очекуваа Вардар да го прокнижи третото реми едно по друго  повторно Мрабти по една несреќна инервенција на голманот на Црвено-Црните Павловиќ го постигна победничкиот гол во 79та минута .