Во С.Р.Ц. Кале вчера натпревар одиграа младинските екипи на Вардар и Метрополис спорт. Поуспешни беа црвено-црните забележувајќи победа со резултат 25:23. Заслужена победа за Вардар, ако се знае дека во текот на целиот натпревар имаа константно водство кое на моменти достигнуваше и позитива од седум голови. На полувреме се замина со предност од 15:10.
Во составот предводен од тренерот Стојан Петрушевски највеќе се истакнаа Тоше Ончев, Мартин Димов, Филип Арсеновски,Томислав Јагуриновски и капитенот Александар Димовски.
Ова е вкупно десета победа во првенството за младинците на Вардар. Во следното коло гостуваат во Битола, на екипата на Пелистер. Младинците се наоѓаат на првото место и се сигурен учесник на Ф4.