Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА: Вардар со 31 поен позитива на последниот меч во Прилеп се промовираше во Второлигаш
КОШАРКА: Вардар со 31 поен позитива на последниот меч во Прилеп се промовираше во Второлигаш

КОШАРКА: Вардар со 31 поен позитива на последниот меч во Прилеп се промовираше во Второлигаш

Сезонава за жал Кошаркарскиот тим на Вардар мораше да ја мине во најниската  лига во земјава тоа беше третата Македонска кошаркарска лига . Еспресно по само една сезона успеја да се врати во Втората Македонска кошаркарска лига во која ќе се натпреватува од оваа есен.

Годинава Вардарци со еден млад и полетен тим покажаа дека се зрели за поквалитетна кошарка во лига која е подобро организирана и со тимови кој се поквалитетни .Последниот меч Вардар го одигра на гости во Прилеп кај тимот на Марфил спорт во кој со 31 поеен позитива се прости од лигава . Мечот заврши со резултат 67:98 за црвено-црните кошаркари. Вардар годинава во најнискиот ранг имаше само два пораза и на девет меча однесе победа . Со огромна позитива во кошеви од 241 поени односно во просек секој меч по 22 поена повеќе од противникот. Годинава постигнаа 914 поена односно во просек одлични 83 поена по натпревар за момците од Скопје. Се надеваме дека од есен ќе имаат плодна сезона па зашто не и промоција во најсилната македонска кошаркарска конкуренција -Супер Лигата .