Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викенд да се биде или не за Вардар
Викенд да се биде или не за Вардар

Викенд да се биде или не за Вардар

Викендот кој престои или поточно Велика сабота ќе биде од огромно значење за големиот колектив Вардар.

Најпрвин Фк Вардар од 16 часот во сабота му гостува на Силекс во Кратово, тоа ќе биде одличен натпревар да се продолжи победничката серија од натпреварот со Тетекс, и колку толку мислите да се насочат кон позитивни работи во играта на Вардар. Останува да видиме како ќе се покажат момците на Вардар на овој натпревар во Кратово за задржување на лидерската позиција.

Рк Вардар игра за историја, за навивачите, со победа пред својата публика, ќе си ја отворат вратата кон прв фајнл-фор во својата историја. Натпреварот ќе се одигра во 19 часот во Сц. Јане Сандански.
Сите навивачи посакуваме да се повтори играта со Висла пред три седмици, кога исто така беше демолиран Полски престаник со 11 голови разлика.

Жрк Вардар оди за Будимпешта каде што брани одлична предност од 6 голови, за пласман на втор едно по друго завршен турнир во ракометната Лига на Шампиони.
Натпреварот започнува во 16:30 часот.

Одиме на 3/3 за Вардар!