Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик најголем адут на Вардар
Штербик најголем адут на Вардар

Штербик најголем адут на Вардар

Арпад Штербик според многумина треба да биде главната алка во тимот на Вардар за саботниот меч од Лигата на Шампионите.
На крилјата на робусниот голман, нападот и контрата на Вардар треба да функционираат одлично.

Очекуваме  блескава партија на Штербик, да ја спушти ролетната пред својот гол, а од контра напади кон своите колеги пред се Дибиров, да тече лесно играта на Вардар.
Штербик добро ги познава играчите на Кјелце, со неколкумина од нив има играно низ својата кариера, па тоа треба да биде голем плус за нашиот голман.

Битката на голманите ќе биде Штербик ( Вардар) и Шмал ( Кјелце)
Исто така и Шмал е искусен чувар на мрежата, со преку 200 натпревари за Полскиот национален тим.
Не очекува одлична битка на голманите!