На денешната прес-конференција пред дуелот со Киелце присуствуваа капитенот на црвено-црните и шефот на стручниот штаб на Вардар Раул Конзалес . Двајцата дадоа свој видувања за овој дуел кој е последна пречка пред Ф4 турнирот во Келн . Во својте изјави на прес-конференцијата пренесени за клубскиот сајт велат :
Шпанскот стратег на клупата на нашиот ракометен клуб Вардар за дуелот со тимот кој го води неговиот поранешен соработник и ракометен ментор Душебаев вели :
- Го играме најважниот натпревар од сезоната. Сакаме да играме на Ф4 турнирот во Келн, но ќе биде многу тешко затоа што Кјелце е голаме екипа, екипа која е на нивото на Барелона, Веспрем и Кил. Добро е тоа што имавме време да тренираме и да е подготвиме, но ова е само прв натпревар, 60 минути кои се играат во Скопје, второто полувреме е во Полска. Мора да играме максимално концентрирано цел натпревар, знаеме дека атмосферата во Скопје е извонредна, тоа го видовме против Висла, но останува и втор меч во Кјелце. Повредените играчи помалку или повеќе сите се подготвени, имавме една недела да се одмориме, сите тренираат, добро е што и Чипурин се враќа и мислам дека до задутре сите ќе бидат подготвени.
Капитенот Филип Лазаров кој е свесен дека тимот го чека вистински предизвик со еден од најголемите европскит ракометни колективи изјави :
- Пред почетокот на сезоната си поставивме цел да се пласираме на тој ф4, иако знаеме дека тоа е многу тешко, стигнавме до последниот чекор, а тој секогаш е најтежок. За екипата на Кјелце не треба да се трошат зборови колку е квалитетна. Меѓутоа ние се трудиме да се концентрираме на нашата ира и да се обидеме да повториме една од неколкуте одлични партии овааа година, а уште подобро ќе биде ако можеме да ја одиграме и надјобрата партија досега, затоа што ова е најважниот меч оваа сезона. Сакаме победа против Кјелце, победа која ќе ни ги одржи шансите пред гостувањето во Кјелце за пласман на Ф4. В сабота, на барање на нашите верни навивачи, кои се наш осми играч и без нив неможеме ќе биде поставен ВИДЕОБИМ и затоа ги поканувам сите да го проследат мечот пред салаата „Јане Сандански”. Пред нас играат и девојките од ЖРК Вардар и се надевам дека сите заедно ќе прославиме една голема ракометна сабота за црвено-црното семејство.
фото:rkvardar.mk