Иницијативата на Вардарфанс кој први ја поведовме , а беше широко прифатена од црвено-црната јавност вроди со плод. РК Вардар на својот сајт објави дека ќе има ВИДЕОБИМ пред Спортскиот Центар Јане Сандански во сабота да го следиме мечот на девојките со Ѓер. Браво за експресниот одговор од клубот позитивни критики за овој менаџмент на клубските челници. Ова е нивното соопштение:
Дојдете сите на платото пред СЦ „Јане Сандански”, в сабота во 16 часот за да навиваме заедно за вардарки на гостувањето во Ѓер (16:30), а потоа еуфоријата да зоврие и за мечот Вардар – Кјелце, за сите оние кои не успеале да набават билет
Вардар го слушна гласот на своите навивачи и затоа ќе организира досега невидено групно следење на натпреварите на ЖРК Вардар и на РК Вардар од Лигата на шампионите в сабота.
Дојдете сите на платото пред СЦ „Јане Сандански“, в сабота во 16 часот за да го гледаме на видеобим заедно со ракометарите на Вардар најважниот натпревар на ЖРК Вардар сезонава, реваншот од четвртфиналето во ЛШ против европскиот првак Ѓер. Заедно ќе навиваме за нашите девојки да ја одбранат победата од 24:18 во првиот натпревар од минатата сабота и да се пласираат на Ф4 турнирот во Будимпешта.
Забавата ќе продолжи и по натпреварот во Ѓер. Сите кои не успеаја да набават билет за натпреварот меѓу РК Вардар и Кјелце, ќе можат да го проследат на видеобимот и да придонесат за уште пожешка атмосфера.
Поради овој настан, главниот влез во салата за оние кои имаат билети ќе биде пуштен во 18:00 часот, додека пак страничните влезови ќе бидат отворени во 17:45.
Да им ја дадеме поддршката на нашите девојки од Скопје и да прославиме сите заедно не една, туку две победи на екипите на Вардар
Сите заедно за двоен фајналфор оваа сезона!