Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на Рк Вардар со нова победа
Младинците на Рк Вардар со нова победа

Младинците на Рк Вардар со нова победа

Избраниците на Стојан Петрушевски продолжуваат со одличните игри во првенството. Во С.Р.Ц. Кале забележаа убедлива победа против екипата на Прилеп. По првото полувреме младинците го најавија триумфот кога се заминаa со предност од 18:8. Во вториот дел оваа разлика се зголемуваше,за на крај да биде двоцифрена. Конечниот резултат беше 36:16.

Димовски, Наумовски и Јагуриновски постигнаа по четири гола. Ова е вкупно осма победа за младинската екипа на Вардар. Во следното коло и гостуваат на екипата на Охрид.