Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Дарко Додевски: Одигравме перфектен натпревар
Дарко Додевски: Одигравме перфектен натпревар

Дарко Додевски: Одигравме перфектен натпревар

Денеска започна првото пролетно коло за кадетите на Фк Вардар, и тоа со убедлив триумф против својот ривал, екипата на Пелистер. Натпреварот се одигра на теренот на локомотива, каде Црвено-црните им нанесоа тежок пораз на своите врсници од Битола, совладувајќи ги со резултат 9:0. Стрелци на головите беа Ердон Даци(4), Дарко Додевски и Јасир Беќири(2), и еден гол постигна Есмин Личина.

-Влеговме со најголем мотив за победа да покажеме кој е Вардар во дербито. Одигравме перфектен натпревар, максимално дисциплинирано и трпеливо. Во ниеден дел од мечот не дозволивме опуштање, ја полневме противничката мрежа до крај за најубаво одбележување на дербито. Тука не застануваме, ќе продолжиме со напорна работа и подготовка за новите предизвици што следат, изјави Дарко Додевски за Вардарфанс

Звонко Ивановски