Заврши 1/8 рунда во Лигата на Шампионите. Осум екипи ќе се борат за најдобрите четири, кои ќе играат на завршниот турнир во Келн. Меѓу нив е и екипата на Вардар, кој е застапен со три играчи кои се наоѓаат во топ 20 стрелци.
Дибиров се наоѓа на четвртото место со вкупно 75 постигнати гола. Карачиќ со 7-те постигнати гола против Висла, ја достигна бројката од 63 гола, а еден помалку има Душебаев кој на двомечот со Висла беше наш најдобар стрелец.
Идниот член на Вардар, Рускиот репрезентативец Деревен има исто погодоци со Душебаев, по 62 голови. Карачиќ и Душебаев во следната рунда се очекува да ги преминат на листата веќе испаднатите Геншејмер и Спелеберг. Врвот му припаѓа на Момир Илиќ, а веднаш до него е Кирил Лазаров.