Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Арпад Штербик во идеалниот тим на 1/8финалните дуели , и со една од најдобрите топ5 одбрани
(ВИДЕО) Арпад Штербик во идеалниот тим на 1/8финалните дуели , и со една од најдобрите топ5 одбрани

(ВИДЕО) Арпад Штербик во идеалниот тим на 1/8финалните дуели , и со една од најдобрите топ5 одбрани

Голманот на Црвено-Црните Арпад Штербик повторно во изборот за најдобрите за изминатата етапа од лигата на Европски ракометни шампиони .

На дуелот во Спортскиот Ценар Јане Сандански голманот на РК Вардар Штербик едноставно блескаше со фантастичните одбрани од кој играчите на Висла Плоцк паѓаа во очај како да се совлада џинот на голот на ракометарите во црвено-црни дресови . Секоја одбрана секоја магија беше поздравувана од публиката и само дополнително ја палеше вжештената атмосфера во вулканот Јане Сандански. Ваквите прекрасни интервенции и доприносот за високата победа на Вардар  од 11 гола го промовираа Штербик во идеаlната постава на ТОП 16 фазата во Лигата на Шампионите . Покрај нашиот голман во идеaлниот состав се најдоа и :  Момир Илиќ – Веспрем, Педро Родригез -Ла Риоха, Уве Генсхајмер-Рајн Некар , Диего Симоне – Монпеље, Исам Теј-Монпеље и Золт Балог – ПИК Сегед.

Исто така и во изборот за најатрактивни одбрани ТОП5 одбрани повторно имаше место за Џинот од Вардар :

ВИДЕО на оваа адреса:  http://www.laola1.tv/en-int/video/top-5-saves-last-16-leg-2/311507.html

 

-