Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Една победа, два нерешени резултати и еден пораз за генерациите на Фк Вардар
Една победа, два нерешени резултати и еден пораз за генерациите на Фк Вардар

Една победа, два нерешени резултати и еден пораз за генерациите на Фк Вардар

Денеска започна првото пролетно коло за фудбалските категории на Вардар. Противник на сите беше екипата на Пелистер, каде беше забележана една победа, два нерешени резултати и еден пораз.

-Поразени беа најмладата генерација која се натпреварува во првенството. Помладите пионери после подолго време забележаа неуспех. Конечниот резултат беше 2:1. Стрелец на единствениот погодок за Вардар беше Марко Ѓоргиевски. Мечот се одигра во Битола.

-Во Битола гостуваа и пионерите на Вардар, и одиграа без голови против својот ривал.

-Единствена светла точка денеска беа кадетите кој го наплатија цехот за сите денеска наши екипи, вклучувајќи го и првиот тим кои не успеаа да забележат победа. Без никаков респект кон противникот, го прегазија својот ривал со неверојатни 9:0. Уште на полувреме го решија овој меч кога беше 7:0. Противникот немаше ни една посериозна шанса на нашиот гол, што говори за тоа каква доминација имаа Вардар на овој меч. Ердон Даци погоди четири пати, по два пати стрелаа Дарко Додевски и Јасир Беќири. Во листата на стрелци се запиша и Есмин Личина.

-Малдинците на Вардар и Пелистер ги поделија бодовите одигрувајќи 0:0. Црвен0-црните имаа поголем посед за топка и неколку одлични шанси за гол, но резултатот остана непроменет.

Во следното коло, противник е екипата на Македонија Ѓ.П.