Очајна игра на Вардар на Вечното дерби со Пелистер.
Кога требаше да биде празник на фудбалот, играчите и стручниот штаб на Вардар пак ги загрижија фановите.
Повеќе од 1.500 гледачи дојдоа да го видат овој нов Европски Вардар, но по овие 90 минути имаа јасна слика до каде е фудбалот и Вардар во оваа сезона.
За натпреварот нетреба да се коментира, неколку лоши шута во текот на првите 45 минути, со голот на Ибричиќ, единствена светла точка беше таа акција на целиот меч.
Во вториот дел речиси Вардар да не се закани….. Можете да замислите Вардар не шутна во рамка на гол..
Подготовките во Анталија минаа добро, но пак нешто не оди во играта на Вардар.
Дали стручниот штаб на Вардар треба да си поднесе оставка?
Со ваков тим Вардар треба да ”гази” во ПМФЛ…
Да не напоменуваме дека можеби еден играч на Вардар вреди колку половина тим на Пелистер, или можеби повеќе…
Нешто повторно неоди во овој Вардар…