Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Илија Абутовиќ: Со ваква публика моравме да направиме добар резултат
Илија Абутовиќ: Со ваква публика моравме да направиме добар резултат

Илија Абутовиќ: Со ваква публика моравме да направиме добар резултат

Црвено-црните повторно ги израдуваа своите навивачи, со победа и пласман во најдобрите осум екипи. Вардар успеа да ги анулира оние минус шест од Плоцк, и на крај да забележи висок триумф изразен во 11 гола разлика. Се беше на ниво како во екипата така и атмосферата во салата, која им помогна да ја остварат целта.

-Прво да се заблагодарам на навивачите кои дојдоа во голем број. Атмосферата беше неверојатна. Мислам дека добро одигравме и во нападот и во одбраната, и на крилата на навивачите го остваривме овој резултат. Сите одигравме најдобро што знаеме, и со ваква публика моравме да направиме добар резултат, изјави Абутовиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски