Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кире Лазаров на ф-4, чекај не утре доаѓаме и ние!
Кире Лазаров на ф-4, чекај не утре доаѓаме и ние!

Кире Лазаров на ф-4, чекај не утре доаѓаме и ние!

Нашиот капитен и играч на Барселона Кирил Лазаров се пласираше на завршниот турнир во Германија.
Втора година по ред со екипата на Барса, Кире ќе настапува, и ќе се обиде заедно со својот тим да го подигне пехарот од Лигата на Шампионите. Сите знаеме дека Лазаров сонува за ваков пехар, досега во кариерата немал можност да го подигне пехарот, или да игра во финалето.
Инаку Кире изби прв на листата стрелци со 99 голови, се разбира Лазаров магичната бројка од 100 погодоци ќе ја надмине уште на следниот полуфинален меч.

Голема поддршка и до нашиот Вујо, кој со млад тим, стигна до 1/4 финалето во Лигата на Шампионите, сепак Барса беше голем залак за Загреб.
ЕДЕН Е ВУЈО !

Се надеваме дека утре нашиот Вардар ќе му се придружи на Кире, и екипата на Барселона помегу четирите најуспешни екипи во европа.
Напред Вардар!