Кадетите на Фк Вардар се пласираа во големото финале на националниот куп. Во една трилер завршница, иако забележаа пораз сепак ќе играат во финалето на купот. На теренот на Железара, Металург забележа победа со резултат 3:2, но недоволна да се елиминираат црвено-црните. На првиот меч одигран на домашен терен, избраниците на Љупчо Марковски забележаа минимална победа од 1:0, па поради двата гостински голови, излегоа како победници во овој двомеч.
Тежок меч и пред се силна борба се водеше во текот на целиот натпревар. Домаќините први поведоа со 1:0, што беше резултат и по првото полувреме. Теренот не беше баш идеален за еден полуфинален дуел, но на крај сепак правдата беше задоволена. Во вториот дел, Вардарци израмнија со голот на Берат Исмаил. Металург сепак успеаа комплетно да се врати во игра. Најпрво поведе со 2:1, а подоцна и со 3:1. Резултатот што ги водеше во финалето, беше актуелен се до последните минути.
Кога сите помислија дека се е готово, по една акција на црвено-црните, Есмин Личина упати удар, топката го погоди еден од стоперите на домаќините и топката влезе во нивната мрежа. Металург немаше време да се врати повторно во мечот, судијата отсвири крај на голема радост на црвено-црните. Ова е прв пораз за кадетите на Вардар оваа сезона во сите натпреварувања, но сепак не беше толку влијателен за нивниот пласман.
Битката ќе продолжи и во првенството кога за две седмици ќе се сретнат истиве екипи, што во голема мера може да го одлучи и идниот шампион во лигата. Tаму црвено-црните имаат шест бода предност пред најголемиот денешен конкурент, па и со реми ќе бидat блиску до титулата.