Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки преку Куманово, до завршниот турнир во националниот куп
Вардарки преку Куманово, до завршниот турнир во националниот куп

Вардарки преку Куманово, до завршниот турнир во националниот куп

После обезбедувањето на учество на завршниот турнир на четирите најдобри екипи во Европа, Вардарки се враќаат на искушенијата во домашниот куп. Во четврток со почеток од 16 часот во малата сала во С.Ц. Јане Сандански ќе играат против Куманово, во финалето на својата четврт-финална група. Претходно екипата на Куманово беше подобра од Чаир совладувајќи ги со резултат 29:22. Вардар е апсолутен фаворит во купот и се очекува повторно да го крене трофејот во ова натпреварување, како и во Супер лигата каде има максимален ефект на победи. Исто така и втората екипа, предводена од Симе Симовски ќе биде дел од најдобрите, на завршницата во националниот куп.