Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Комити > КОМИТИ: Лесно е да се биде Комита на Европските дуели на ФК и РК Вардар, но…
КОМИТИ: Лесно е да се биде Комита на Европските дуели на ФК и РК Вардар, но…

КОМИТИ: Лесно е да се биде Комита на Европските дуели на ФК и РК Вардар, но…

Комити најверните Вадарови следбеници излегоа со соопштение по повод саботниот меч од првата Македонска лига со Тетовчани тимот на Ренова . Ова е целото соопштение:

Осум кола до крајот, осум кола во кои ќе се сретнеме со противници кои ни се конкуренти за највисок пласман. Серијата тешки натпревари ја отвораме против екипата која на неколку пати ни покажа како се игра фудбал, елиминирајќи не од купот, нанесувајќи ни го единствениот пораз сезонава и дозволувајќи ни да освоиме само еден поен во меѓусебните дуели.

Ренова е противникот кој сеуште не сме го совладале во првенствените дуели сезонава и време е да им го земеме скалпот.
Секој поен му е важен на Вардар до крајот на сезоната, а ние треба да му помогнеме на Вардар да ја отворија серијата тешки натпревари со победа над незгодниот противник.

Лесно е да се биде Комита на Европските дуели на ФК и РК Вардар, тешко е да се дава поддршка во лигата која е на дното во фудбалска Европа.Каква и да е лигата, каков и да е квалитетот на фудбалот, оправдување за неприсуство на натпреварите НЕМА!

Сите на Градски, ВАРДАР ИГРА!
Сабота 16.00ч
Карта 50 со членска,100 без членска