ЖРК Вардар во полуфиналето на завршниот турнир од Лигата на Шампионките како што е познато ќе се сретне со Црногорскиот преставник во Европската елита тимот на Будуќност.
Европската куќа на ракометот ги одреди термините за соочување со Црнагорките и за мечевите од малото и големото финале на завршниот турнир во Будимпешта. Црвено-црните девојки полуфиналниот дуел ќе го одиграат на 9 Мај со почеток во 16 часот и 45 минути . Истиот ден во 14-15 часот ќе се одигра другиот полуфинален дуел помеѓу Ларвик и Динамо .
Финалето се игра следниот ден, на 10 Мај со почеток во 17-00 часот , мечот за третото место е закажан претходно во 14-15 часот .