Денеска се играа полуфиналните натпревари во рамките на националниот куп кај младинските категории. Половичен успех остварија генерациите на Вардар.
-Само помладите пионери не настапија денес. Својот натпревар во групата против Шкендија ќе го одиграат на 4-ти мај. Оваа генерација може да се каже дека е веќе во финалето, откако на првиот меч во групата забележа голема победа од 4:1 против Македонија Ѓ.П.
-Пионерите доживеаа нов пораз во групата на купот. Денес ан теренот на ФФМ беа поразени од екипата на Работнички со резултат 3:1. Со два порази ја завршија групата, откако претходно изгубија и против врсниците од Еуромилк.
-Кадетите се единствените кој денеска донесоа радост. И покрај поразот од Металург со 3:2 се пласираа во финалето, поради домашната победа од 1:0.
-Младинците не успеаа да ја сочуваат предноста од првиот меч против Шкупи. На жешкиот терен во Чаир беа поразени со резултат 2:0 и ги завршија своите настапи во купот.