Тимур Дибиров да блесне, време е да покаже нашето лево крило што знае и умее, а сите знаеме дека Тимур знае и умее многу со топката…. па време е, и се надеваме дека во недела ќе се ”разбуди од зимскиот сон” и ќе одигра меч за паметење, со самото тоа и ќе му помогне на Вардар да се пласира на ф-4 завршниот турнир.
Сите паметиме дека Дибиров има одиграно маестрални партии зад себе во групната фаза од Лигата на Шампионите, со по 11 голови дури и повеќе, но некако тие партии остааа зад себе во клучните натпревари, па затоа очекуваме Тимур да покаже дел од своите огромни способности и да го понесе Вардар кон историјата.
Исто така не само од Дибиров, многу треба да се очекуваме и од десната крилна позиција, на натпреварот со Кјелце скоро и да немавме крила, играта течеше само преку надворешните бекови, и пикерите.
Очекуваме во недела тоа да се промени.
Напред Вардар, напред Дибиров !