Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > До кога ќе се толерира ”фудбал во Чаир” ?
До кога ќе се толерира ”фудбал во Чаир” ?

До кога ќе се толерира ”фудбал во Чаир” ?

И повторно, по кој знае кој пат, инциденти се случија во Чаир на младински натпревари. Овој пат жива глава спасуваа нашите момчиња, младинци на Вардар. Кој ни изјавија, се освен фудбал се играло, и се играше денес. Пцовки, закани, етнички навреди, беа само дел од погрдните зборови на публиката во Чаир. Ова не е прв пат, до кога ќе се толерира ова, до кога нашите момци ќе играат под прашањето дали ЖИВИ И ЗДРАВИ ќе се вратат дома?

Она денес што се случи во Чаир на дуелот помеѓу младинските екипи на Шкупи и Вардар е за секаква осуда. Нашите момци по завршување на куп натпреварот во кој домаќините славеа со резултат 2:0 и се пласираа во финалето, беа брутално нападнати од своите врсници од противничката екипа. На помош им се приклучиле и околу 50-сетина домашни навивачи кои не бирајќи начин мавале по нашите фудбалери. За да биде трагедијата уште поголема, во тие моменти имало само околу пет полицајци на кои подоцна им се приклучиле и неколку специјалци. Вардаровите момчиња едвај спасувале глава влегувајќи во соблекувалната. Притоа четири лица од нашиот тим се повредени.

Ја прашуваме Фудбалската федерација на Македонија дали ќе остане нема на овој инцидент од голем размер. Која е логиката на ваков натпревар и тоа помеќу младински екипи во Чаир да има само 5 души од полицијата, на кои дури откако биле натепани играчите се приклучиле неколку специјалци. По нашите сознанија не бил употребен и изваден никаков пендрак за да се спречи насилството на домашната публика. Напротив не е таков случајот на натпревари на Фк Вардар на Арената Филип втори каде е присутна голема војска на специјална единица и тоа на дуел на Македонски екипи без присуство на противничка публика. Од ништо, се бара било каков инцидент од мал размер за да почне да се мава по наши деца. Немора дa се сомневаме да беше спротивно во случајов, да се случеше ова на наш терен, дека ќе се употребеше прекумерна сила и ќе имаше големи казни за клубот. Без делегат, без обезбедување и без никакви фудбалски и спортски правила се играл денешниов меч.

Бараме од ФФМ еднаш да собере сила и остро да го осуди овој инцидент, да ги преземе сите ригорозни казни за тимот од Чаир и нивната публика. Почитувана ФФМ, бараме остри санкции, суспендирање, и пласман на Вардар во финалето, на фудбалски начин. Само така ќе докажете дека се борите за доброто на спортот и за татковината во која живееме. Инцидентов е остро осуден и од фудбалскиот клуб Вардар, кој се произнесе за денешниов случај.

Фото:Фквардар мк.