Секогаш кога ќе го споменеме името на тетовска Ренова, буди лоши спомени за нашиот Вардар.
Во недела ни гостува токму овој противник, тетовчани се во одлична серија од неколку натпревари без пораз, што значеше и голем чекор напред во борба за 3-то место, и излез во Европа.
Најпрвин му одржаа фудбалска лекција на Шкендија, во тој градски натпревар Ренова беше многу по надмоќен и по конкретен тим од градскиот ривал.
Потоа следуваше дуел со Работнички во Тетово, во кој тетовчани повторно одиграа меч за памтење и го победија актуелниот шампион екипата на Работнички со 2:о, и се искација на 3-та позиција со еден бод повеќе од Шкендија.
Вчера Ренова одигра и куп натпревар со Работнички, но поради подобриот резултат на двата натпревари, Работнички го елиминираше тетовскиот клуб во 1/2 финалето.
Иако Ренова е незгоден, и тим во одлична форма, во сабота очекуваме зрела, и убедлива игра на нашиот ВАРДАР, за зацврсување на првата позиција!
Фото: fkvardar.mk