Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Гол разлика, или мајсторка ќе го одлучува новиот ракометен шампион во кадетска конкуренција
Гол разлика, или мајсторка ќе го одлучува новиот ракометен шампион во кадетска конкуренција

Гол разлика, или мајсторка ќе го одлучува новиот ракометен шампион во кадетска конкуренција

Кадетите на Рк Вардар како казнена експедиција си ја завршија својата задача на гостувањето во Струга против истоимената солидна екипа, забележувајќи висока победа со резултат 27:41. Во ниеден момент не постоеше неизвесност за тоа кој ќе ги освои бодовите од овој дуел. На полувреме се замина со предност од 12:21. Како фотокопија од претходните мечеви, тренерот Петковски им даде шанса за настап на сите играчи кои беа на располагање. Момци кои покажуваат дека се светла иднина, не само за Вардар туку и за Македонскиот ракомет и треба посебно внимание да се посвети на оваа екипа.

Со овој меч, кадетите ги завршија настапите во регуларната сезона. Ова е вкупно 11 победа за овој тим, со само еден доживеан пораз. Сега се очекува Металург да го одигра својот последен натпревар по кој ќе биде одлучено кој ќе го понесе приматот Шампион на Македонија. Вардар во моментов има позитивна разлика од плус 20 гола, во однос на Металург кој гостува во Струмица. Во сите младински категории се игра Ф4, само тоа не е случај кај кадетите. До колку се има исти бодови што е се поизвесно, се предлага да се игра мајсторка кој би го решел идниот првак