Пред околу еден час во С.Р.Ц. Кале заврши натпреварот во рамките на кадетската лига, помеѓу екипите на Вардар и Бутел. Црвено-црните без поголеми проблеми забележаа убедлива победа на овој меч, со резултат 50:13. Уште по првото полувреме беше решен победникот, кога гостите постигнаа само шест гола. На полувреме се замина со предност од 24:6.
Избранците на Зоран Петковски прикажаа солидна игра, во која сите што беа на располагање добија шанса за докажување. Најефикасни беа Кристијан Анастасовски кој постигна 11 гола и Алија Амзоски со 8 голови.
Ова е вкупно десета победа за кадетската екипа. Во последното коло за оваа сезона, Вардар гостува во Струга на истоимената екипа.