Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > “Победничко селфи“ и за младинците на Рк Вардар
“Победничко селфи“ и за младинците на Рк Вардар

“Победничко селфи“ и за младинците на Рк Вардар

Со победа од Охрид се враќаат и младинците на Рк Вардар. Во рамките на деветото коло, Вардар беше поуспешен од своите врсници од Охрид, забележувајќи висока победа со резултат 24:41. Разликата во квалитет беше очигледна на наша страна, па избраниците на Стојан Петрушевски рутински го одиграа овој натпревар. На пауза се замина со резултат 9:23.

Тоше Ончев и Томи Јагуриновски постигнаа по 7 гола. Александар Димовски додаде 6 голови.

Во следното десето коло, Вардарци се домаќини на екипата на Рк Метрополист спорт.