Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите и младинците на Фк Вардар, поразени во дуелите со Металург
Пионерите и младинците на Фк Вардар, поразени во дуелите со Металург

Пионерите и младинците на Фк Вардар, поразени во дуелите со Металург

Денеска се одигра 15 коло во рамките на националното првенство на младинските категории. Генерациите на Вардар имаа лош ден, забележувајќи само една победа и три порази од екипата на Металург. Единствено помладите пионери беа успешни, против своите врсници.

-Пионерите загубија од речиси добиен натпревар. Имаа неколку шанси кои не ги искористија, тоа успешно го казни противничкиот тим кој забележи победа од 1:2. По првото полувреме резултатот беше нерешен 1:1. Единствениот стрелец за црвено-црните, беше капитенот Дејан Маркоски.

-Младинците продолжуваат и понатаму без победа во пролетниот дел. Ова е веќе 5-ти последователен неуспех во вториот дел од сезоната. Избраниците на Петар Ѓоргиевски дефинитивно се наоѓаат во лоша играчка форма. Првиот дел заврши без голови 0:0. Во второто полувреме Металург го скрши отпорот на Вардар, забележувајќи победа од 2:0. Стрелеци на головите беа Јасир Алии и Саше Шопоски.

Нешто не “штима“ во младите категории на фудбалскиот клуб Вардар и покрај одличните услови за работа. Единствено помладите пионери и кадетите играат во посакуваната форма, и остваруваат добри резултати.

Фото: ТК Медиа