Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Историја > ПОТСЕТУВАЊЕ !!! На црвено-црната Легенда Бајо и мечот кога настапи со деца во Милано каде Вардар го доживеа најголемиот пораз 9-1
ПОТСЕТУВАЊЕ !!! На црвено-црната Легенда Бајо и мечот кога настапи со деца во Милано каде Вардар го доживеа најголемиот пораз 9-1

ПОТСЕТУВАЊЕ !!! На црвено-црната Легенда Бајо и мечот кога настапи со деца во Милано каде Вардар го доживеа најголемиот пораз 9-1

Александар Бајевски легенда на црвено-црниот тим со над 120 настапи и над 25 гола за брендот број еден во Земјава . Момчето кое е израснато низ вардаровите школи и формиран како играч , но пред се како искрен Вардарец. Жално за многумина нас беше фактот што по “ренесансата“ која следеше со доаѓањето на Град Скопје и враќањето од хаосот на статус кандидат за , а подоцна и освојувач на шампионатот на земјава  што не му се пружи шанса неговата богата кариера да ја финишира во црвено-црниот дрес.

Сепак за ова подсетување важен е еден меч одигран во 2008 година времето кога во нашиот клуб дуваа матни ветришта и клубот минуваше различни премрежија. Поради тогашни долгови и одлука за штрајк на гостувањето во Куманово кај тогашниот прволигаш од тој град Милано решија да не заминат дури 16 играчи (од кој еден денес е активен фудбалер во Вардар) . Бајевски заедно со плеада млади момчиња , кои беа премлади , голобради и недораснати за прволигашки мечеви се упати за Куманово да се обиде да се одигра ова првенствено коло со вака крпен тим .   Бајевски реши да настапи и ако колегите беа во штрајк (и он како и сите немаше добиено плата ) на овој меча носеше капитенската лента и беше едниствен играч постар од 19години во црвено-црниот табор на овој меч на кој Вардар запиша “црн рекорд“. Вардар беше поразен со огромни незапамтени 9-1 , младите момци не успееа достојно да парираат на домаќинот. Овој резултат од 1947 до денес е најголемиот пораз кој ФК Вардар го впишал зад своето свето име . Вреди да се напомене дека покрај Бајо и неколку помлади првотимци кој беа од т.н “Вардарови деца“ Оливер Пеев, Филип Петров, Филип Спасески и Музафер Ејупи настапија на овој меч . Едно е јасно  од секогаш па се до денес ВАРДАРЕЦ ПРАВ ГО БОЛИ ЗА ВАРДАР  , а се другото без никаква навреда е тука за кариера, финансисна сатисфакција и.т.н

Се надеваме дека некогаш клубот кој не го удостои со проштална сезона, дека во даден момент ќе му даде некакво место бидејќи за успек на Проектот Вардар треба и мора во тимот на позициите да биде ВАРДАРЕЦ.