Многу важна победа за Фк Вардар да денешниот натпревар од дерби колото со градскиот ривал, и претендент за титулата екипата на Работнички. Одлично време, солидна посета на Филип II, преку 2.000 гледачи на стадион, солидна игра на Вардар за +6
Натпреварот нашиот тим го започна одлично, топката во посед на нашиот тим беше скоро 70%, немоќта на противникот ја правеше средината на теренот. Работнички се што направи на овој натпревар беше на почетокот кога во првите 10-тина минута дебаармалци пропуштија две 100% шански. Во 22-та минута една одлична топка упати Горан Попов до Влатко Грозданоски кој зад себе имаше два противнички играчи, но одлично се снајде и постигна гол за водство на нашиот тим од 1:0. Класата ја покажа Горан Попов по втор пат денеска, упати од својата половина една длабочинска топка до Асани кој среќно му ја додаде топката на Блажевски кој со еден одличен удар одсвртување го матираше Божиновски. Резултатот на полувреме беше 2:0
Во вториот дел Вардар играше исто како и во првиот, смирено, со игра на средината на теренот, со понекој шанса, речиси тимот на Работнички и да не дојде до шанса во првите 15-тина минути од вториот дел. Најпрвин се повреди Бојовиќ на негово место влезе Љамчевски, потоа кон 80-тата минута влего и Ибричиќ и Филип Петковски, вториот дел заврши без големи возбудувања, тимот на Работнички јалово се обидуваше да го ублажи водството но не успеа.
Вардар – Работнички 2:0
+6 на табелата, во недела ни гостува Металург, а со Работнички пак ќе се сретнеме во среда.