Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Одложено е 18.првенствено коло кај младинските фудбалски категории
Одложено е 18.првенствено коло кај младинските фудбалски категории

Одложено е 18.првенствено коло кај младинските фудбалски категории

Претстојното 18.коло во првенството на младинските фудбалски категории кое требаше да се одигра овој викенд ќе биде одложено. Причина е настапот на македонската фудбалска репрезентација до 17 години, на развојниот турнир во Скопје, кој ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во периодот од 22-26.март.

Противник на вардаровите генерации во 18.коло е екипата на Њу Старс, а дополнително ќе бидат одредени новите термини за одигрување на ова коло. Во сабота активни ќе бидат генерациите на ФК Вардар родени 2004 и 2005 година, кои на теренот на Академијата во дербито ќе ја пречекаат екипата на Работнички.

Во текот на вчерашниот ден своите први полуфинални дуели од купот ги одиграа три генерации на Вардар. Се работи за генерациите 2004 ( ремизираше во Струмица против А.Пандев), како и генерацијата 2005 ( висок триумф од 0:3 против Шкендија), додека младинците на Вардар го победија Работнички со резултат 2:1.