ФК Вардар продолжува и оваа сезона да промовира играчи од младинскиот погон во првиот тим. ,,Црвено – црните” пред стартот на оваа сезона се знаеше дека ќе имаат највеќе проблеми во одбраната, бидејќи си заминаа неколку искусни фудбалери, а на нивно место требаше да застанат низа на млади фудбалери, од младинскиот погон. Па така оваа полусезона ФК Вардар промовираше три млади момчиња во првиот тим кој одиграа повеќе од солидно.
Првиот од нив е Виктор Крстевски. Крстевски доби шанса за настап и одма ја искористи, а потоа беше незаменлив во одбраната на ФК Вардар. Младиот одбрамбен играч кој е роден 2002 година оваа полусезона одигра седум првенствени натпревари (630 минути) и покажа дека е зрел за прволигашки фудбал.
Вториот на листата е Радуловиќ-Величковиќ кој е роден исто така 2002 година. За разлика од Крстевски, Радуловиќ-Величковиќ оваа полусезона одигра 13 првенствени натпревари за ,,црвено – црните”, каде сосема солидно одговори на предизвикот.
И третиот во низата е Александар Ѓурковски кој исто така има 18 години, односно е роден 2002 година. Ѓурковски последен од овие тројца доби шанса за настап и ја искористи. Воглавно во вториот дел од полусезоната добиваше шанса, во однос на Радуловиќ-Величковиќ кој во воведните натпревари беше поактивен на теренот.
Со ова, ФК Вардар уште еднаш покажа дека има низа на млади играчи кои можат да одговорат на предизвикот иако имаат не повеќе од 18 години.