Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ништо ново, четврто реми сезонава на Вардар и Беласица
Ништо ново, четврто реми сезонава на Вардар и Беласица

Ништо ново, четврто реми сезонава на Вардар и Беласица

Вардар и Беласица и четврти пат сезонава одиграа нерешено. Беласица водеше по првиот дел, а Вардар израмни преку Жуниор во 80. минута од дуелот.

Тимот на Беласица изненадувачки имаше предност од 0:1 по првото полувреме. Гостите резултатот го отворија во 36. минута, кога по центаршутот од левата страна, Пепи Георгиев од десеттина метри со глава сместува под гредата на домашните за 0:1. Вардарци во првиот дел имаа добри можност преку Мицевски во 27. минута, кој шутираше од 25 метри, но за малку над гредата од голот на гостите.

Во вториот дел очекувано Вардарци тргнаа во целосна офанзива по изедначување. До 65. минута домашниот тим створи три добри можности на два пати преку Колевски и Жуниор, но изостана реализација. Во продолжението од мечот Васоски ги уфрли Лира, Ибиши и Брдаровски со цел да смени нешто во играта и пред се во реализацијата на нападите. 80′ ГООООЛ ЗА ВАРДАР. По нафрлањето од левата страна, Реис Жуниор на вториот дирек и од неколку метри го израмнува резултатот на 1:1. До крајот на натпреварот Вардар се обидуваше да дојде до целосен пресврт но не успеа.