УЕФА го одреди главниот судија, за реванш натпреварот од третото квалификациско коло, помеѓу екипите на Копенхаген и Вардар. Интересно се работи за дебитант во најголемото натпреварување, за кој ова ќе биде прв меч во лигата на шампионите. Се работи за Џон Битон, кој доаѓа од Шкотска. Ова секако дека ќе биде најголем предизвик, за младиот Шкот кој ќе суди меч од квалификациско коло од ЛШ.
На првиот дуел одигран во Скопје, Вардар триумфираше минимално со 1:0, со погодокот на Балотели. Се надеваме дека црвено-црните ќе ја зачуваат предноста и ќе обезбедат историски пласман во плејофот од ЛШ.