По повеќе од месец и половина пауза овој викенд прволигашите се враќаат на терен, стартува првото коло (вкупно 19-то) од пролетната сезона на Првата македонска фудбалска лига.
На градското дерби помеѓу Вардар и Македонија ЃП кое се игра в сабота, главен судија ќе биде Стојчевски Игор од Скопје. Ќе му помагаат Димитријевиќ Дејан и Путилин Бранко, додека пак четврти судија ќе биде Бартон Јосип, сите од Скопје. Делегатот на мечот доаѓа од Кичево, а тоа е Зердески Кочо.
Дуелот се игра в сабота со почеток од 14.00 часот, на кој Вардар е домаќин.