Црвено-црните вчера вечерта го одржаа последниот тренинг на арената “Филип Втори“, пред денешниот натпревар со екипата на Апоел. Тренингот беше од полесен карактер без некои поголеми напори. Тренерот Андреев имаше можност да ги провери силите пред денешниот многу важен дуел и полека да го склопи тимот, кој денес ќе му се спротистави на Кипарскиот шампион. Се најавуваат некои мали измени во стартните 11, во однос на првиот меч одигран во Никозија.
Од клубот на вчерашната прескоференција ветуваат подобра и поофанзивна игра и максимално залагање за секоја топка на теренот. Остануваат само уште неколку часа, до започнување на големиот спектакл. Веруваме дека момците ќе дадат се од себе да ја израдуваат целокупната публика која ќе биде присутна на вечерашниот дуел.