Како што вчера ве известивме во текот на минатиот ден од Турција во ФК Вардар пристигна долгоочекуваниот Сертификат за новото засилување на Вардар Босанецот Ибричиќ .
Во текот на вчерашниот ден ФК Вардар истиот го предаде на Верификација во ФФМ . По доставувањето на целосната докуменација за регулирање на неговиот договор со Вардар и сертификатот кој докажува дека може да настапува Босанскиот интернационалец Сенијад и официјално беше верификуван за настап во ПМФЛ . Со ова верификација целосно е затворен овој процес и дефинитивно Ибричиќ има право да дебитира на официјален меч за Скопските Црвено-Црни. Првата шанса да се најде во составот на шефот на стручниот штаб Сергеј Андреев е веќе во недела на мечот со ФК Силекс во Кратово . Се надеваме дека љубимецот на Торцида ќе прикаже завидни игри во светиот дрес и за кратко ќе се наметне како миленик на Скопската публика.