Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Добро дојде дома Панчев, ФК Вардар најави утре промоција на нов спортски директор

Добро дојде дома Панчев, ФК Вардар најави утре промоција на нов спортски директор

Фудбалскиот клуб Вардар најави дека утре ќе го промовира новиот спортски директор во 11-00 часот. Во извесувањето не го пишува неговото име, ама сите знаме и очекуваме дека тоа ќе биде легендата на црвено црните ДАРКО ПАНЧЕВ. Добре дојде дома ЛЕГЕНДО ВАРДАРОВА. Во продолжението соопштението на клубот:

Фудбалскиот клуб Вардар ги информира сите медиуми дека утре, петок, 07.04.2017 со почеток во 11 часот во просториите на Фудбалската Академија на ФК Вардар, позади источната трибина на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, ќе одржи прес конференција на која ќе биде промовиран новиот спортски директор на клубот.

На прес конференцијата ќе присуствуваат новиот спортски директор, претседателот на Ф.К. Вардар г-н Мирко Спасески, и извршниот директор на клубот г-н Самоил Симев.

Покануваме новинари, сниматели, фоторепортери.

Со почит, фудбалски клуб Вардар