Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Академија Пандев е противник за вардаровите екипи, во рамките на 5.првенствено коло
Академија Пандев е противник за вардаровите екипи, во рамките на 5.првенствено коло

Академија Пандев е противник за вардаровите екипи, во рамките на 5.првенствено коло

После пауза од една недела во сабота ќе се одигра 5.коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на Вардар ќе биде екипата на Академија Пандев. Пионерските екипи се домаќини на теренот на Академијата, додека кадетите и младинците ќе гостуваат во недела во Стгрумица. Термините на одигрување на натпреварите се од 10 и 12 часот.

Помладите пионери на ФК Вардар ќе се обидат да се вратат на победите во лигата, откако во минатото коло го загубија дербито од екипата на Работнички, кој ја прекина нашата серија од три последователни триумфи на стартот од сезоната. Пионерите пак после четири одиграни кола имаат две победи и два нерешени резултати, а триумфот во дербито против градскиот ривал само треба да биде поттик за оваа генерација, да слави и на саботниот меч против А.Пандев.

Кадетите се во серија од два порази во дерби пресметките со Шкендија и Работнички, па добредојдена ќе биде победа од гостувањето во Струмица. Младинците после четири одиграни кола имаат три победи и еден пораз.