Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Првите четири кола од кои дури три ни се во гости, ќе му го покажат “курсот“ на “реновираниот“ ФК Вардар во првата лига
Првите четири кола од кои дури три ни се во гости, ќе  му го покажат “курсот“ на “реновираниот“ ФК Вардар во првата лига

Првите четири кола од кои дури три ни се во гости, ќе му го покажат “курсот“ на “реновираниот“ ФК Вардар во првата лига

Фудбалскиот клуб Вардар денес во Кратово ќе го одигра последниот тест-дуел пред почетокот на првата лига во сезоната 2018/2019 година. Почетокот е закажан за идната недела на 12.август, со дербито во Тетово против ФК Шкендија, актуелниот шампион кој дојде до титулата прекинувајќи ја низата од три титули на нашиот љубимец.

На почетокот од сезоната не очекуваат пеколни четири кола од кои дури во три ќе гостуваме и кој ќе се знае во која насока ќе тргне сезоната. Во првите две кола на 12-ти и 19-ти гостуваме во Тетово кај Шкендија и Ренова. Потоа не очекува домашен дуел со новиот прволигаш на ФК Македонија Ѓорче Петров од кој минатата недела бевме совладани во пријателски дуел, а пак во четвртото коло повторно не очекува гостување. Играме во Струмица кај повратникот во најсилната конкуренција екипата на ФК Беласица. Овие четири кола се пресудни за нашите амбиции, но и за “огненото“ крштевање во првата лига на реконструираниот тим на Вардар. Се надеваме на поволен развој на настаните.

ВОВЕДНИТЕ ПЕТ КОЛА

1. Шкендија – Вардар 12.08.2018 17:00
2. Ренова – Вардар 19.08.2018 17:00
3. Вардар – Македонија ЃП 26.08.2018 16:30
4. Беласица – Вардар 01.09.2018 16:15
5. Вардар – Шкупи 16.09.2018 15:30