Македоноската фудбалска репрезентација до 16 години ќе биде дел ос силен меѓународен турнир во Анталија, Mercedez Benz. Нашите млади надежи се во група со селекциите на Русија, Шпанија и Албанија.
Собирот на репрезентацијата е на 9.јануари, а селектор на оваа селекција на играчи до 16 години е Горан Станковски-Гама. Пет играчи од Вардар ќе бидат дел од македосната репрезентација на споменатиот турнир. Се работи за голманот Лука Стојковски, левиот бек Грегор Давков, стоперот Филип Ѓорѓоски и играчите од средниот ред на помладите вардарови пионери, се работи за Петар Давидовски и Андреј Стојчевски.
Во Турција се останува до 20. јануари кога ќе финишира турнирот.