Пет младински екипи на фудбалскиот клуб Вардар обезбедија пласман во полуфиналето на националниот куп и се само на еден чекор до борба за големото финале во ова натпреварување. Со вчерашните победи на генерацијата родени “2000“ година (пионери) како и генерацијата родени “2003“ година се комплетираше бројката од пет Вардарови екипи кои обезбедија место во полуфиналето. Тоа претходно го сторија генерациите родени “2002“, потоа “1999“ (кадети) и младинците родени 1998 година. Единствено помладите пионери ги завршија натапите во купот на Македонија.
Сите резултати од четвртфиналето на нашите екипи, по кои обезбедија пласман меѓу четирите најдобри екипи:
ФК Вардар генер. “2002“ – Гостивар 2:1 (дома) 2:4, ( гости) вкупен резултат 6:3
ФК Вардар генер. “2003“ – Работнички 1:2 (гости), 2:0 ( дома) вкупен резултат 4:1
ФК Вардар генер. “2000“ – Шкендија 1:1 ( гости), 1:1 ( дома) пенали 4:2
ФК Вардар генер. “1999“ – Шкупи 1:2 ( гости), 2:1 ( дома) пенали 4:3
ФК Вардар генер. “1998“ – Ренова 4:0 ( дома), 2:3 ( гости) вкупен резултат 7:2