Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во претстојниов период ќе одигра два контролни натпревари. Репрезентативците од оваа генерација вчера се собраа во хотел „Парк“ а од денес ќе се подготвуваат за натпреварите против селекциите на Бугарија, како и Босна и Херцеговина.
За овие натпревари кои ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ селекторот на Македонија У16, Тони Јакимовски, повика дури пет играчи од редовите на Вардар. Се работи за Марко Стојилевски, Влатко Кулуковски, Горјан Цветков, Никола Величковски и Филип Јовановски.
Најпрво на 24. март со почеток од 14:00 часот ќе ги одмериме силите со селекцијата на Бугарија, додека на 28.март ќе ја пречекаме соодветната репрезентација на БИХ, натпревар кој ќе стартува од 11:00 часот.