Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар ги задржаа шансите во борбата за титулата. Избраниците на Сашо Јанев забележаа важна победа на гостувањето во Струмица. Совладана беше екипата на А. Пандев, со минимални 0:1, во рамките на 18 првенствено коло. Стрелец на единствениот погодок беше Виктор Петковски, Триумфот можеше поубедливо да биде изразен, доколку искористивме неколку од многуте шанси на овој натпревар. На табелата се наоѓаме на третото место со идентичен борј на освоени бодови со екипата на Шкендија, која загуби во ова коло и четири помалку од лидерот Работнички, но црвено-црните имаат натпревар помалку за одигрување со екипата на Шкупи, на домашен терен.
-Моите впечатоци се дека одигравме добар натпревар и заслужено победивме.Влеговме многу мотивирани и со голема желба за победа. Голот го постигнавме во 55 минута и имавме уште неколку добри шанси кои не ги искористивме, но сепак најважно е дека победивме. Борбата за титулата сеуште не е завршена и јас верувам дека само со голема борба до крајот на сезоната ке успееме да ја освоиме титулата. Овој триумф е од големо значење за нас, бидејки остануваме во игра за првото место на табелата, изјави Виктор Петковски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски