Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Петлињата на Вардар доминираа, повозрасните целосно потфрлија, во сезоната која е веќе зад нас
Петлињата на Вардар доминираа, повозрасните целосно потфрлија, во сезоната која е веќе зад нас

Петлињата на Вардар доминираа, повозрасните целосно потфрлија, во сезоната која е веќе зад нас

Пред нас е уште една натпреварувачка сезона во младинските фудбалски категории. По одигрување на денешните завршни натпревари во детската лига, уште еднаш се покажа дека доминираме кај петлињата, што беше случај и минатата сезона. Петлињата доминираа, но целосно потфрлија повозрасните младински категории на клубот, тука се мисли пред се на генерациите родени “2001“ (пионери), “2000“ ( кадети) и “1999“ ( младинци). Секоја чест и за генерациите родени “2003“ година на “Чунга Лунга“ кои успеаа да ја одбранат титулата во регионалната-скопка лига, но не и трофејот во купот, додека генерацијата “2004“ предводена од Кралевски, беше најуспешна и единствена која успеа да ја освои двојната круна во дебитанската сезона на регионалната-скопска лига.

Како медиум кој цела сезона активно ги пратеше натпреварите на младинските екипи, впечатокот е дека имавме лоша сезона во повозрасните категории, каде успеавме да освоиме само еден и единствен трофеј, што за Вардар како најголем клуб и спортски бренд број еден во Македонија не е дозволиво. Само за споредба тука доминираше нашиот најголем ривал, екипата на Шкендија, која успеа да освои дури шест трофеи од максимални осум, од кои двојни беа кај кадетите и младинците, пионерите го освоија првенството, додека помладите пионери го собраа трофејот во купот на Македонија. По еден трофеј им припадна на Вардар и тоа за помладите пионери кои го “обелија“ образот на клубот и кои имаа неверојатна сезона, испишаа рекорди, кои тешко дека некој ќе може да ги достигне и сруши во наредните многу години во младинските категории. Тренерот на оваа генерација, Сашо Тодоровски или популарниот “Рап Тап“ повторно се покажа како најдобар што се однесува до освојување на трофеи во овие повозрасни младински категории, па стана навика него да го гледаме со освоена титула, во која и генерација да беше предводник. Пионерите завршија на третото место во лигата, зад екипите на Шкендија и Македонија Ѓ.П, а единствената шанса да и тие освојат трофеј ја пропуштија во купот, каде мора да се потенцира дека несреќно и незаслужено бевме совладани од тимот на А.Пандев, кој речиси ни постигна гол од еден упатен удар кон нашиот гол. Кадетите и младинците останаа со празни раце и мораше на крајот да се задоволат со вицешампионското место и второ место на табелата, зад екипата на Шкендија која како што напоменавме ги обедини трофеите. Дали честите ротации на играчите и преместувањето во погорни генерации ги чинеше губење на шансите за трофеите, останува дополнително да се анализира кај раководните лица во младинската школа на Вардар. Факт е дека не игравме со стандардни состави во текот на целата сезона, можеби неуиграноста и невклопеноста на самите играчи и екипите дојдоа до израз, па резултатите беа такви какви што се на крајот од оваа натпреварувачка сезона. Некои и играчите можеби и не можеа да го дадат својот максимум настапувајќи за повозрасните категории. Многу рано бевме елиминирани и во купот и тоа токму од екипата на Шкендија.

Помладите петлиња повторно покажаа дека се најдобрите во Македонија и повторно го кренаа нивото на Вардар на ниво како што му доликува на клубот, кој ги има сигурно најдобрите услови за работа во Македонија, академија која другите клубови во државата може само да ја “сонуваат“. Генерациите родени “2007“ и “2008“ година по дури трет, односно втор последователен пат успеаа да станат шампиони на Македонија и тоа на многу доминантен начин, па покажаа дека немаат конкуренција во земјава. Томче Трајановски е тренерот на генерација “2007“ кој може да се пофали дека втор пат со истава екипа ја освои детската лига по пауза од една година, откако и минатата сезона успеа да освои двојна титула со генерацијата “2003“ во дебитанската сезона на регионалната-скопска лига. Павел Неделковски со своите момчиња од “2008“ по втор последователен пат покажаа и докажаа дека нема со нив шега, па речиси и да немаа некои поголеми тешкотии да го одбранат и по втор пат во серија трофејот во ова масовно натпреварување. Генерацијата “2005“ исто така го одбранија трофејот во детската лига, оваа сезона со тренерот Андовски кој го повтори успехот на тренерот Кралевски од минатата сезона, кога беа шампиони во детската лига. Искусниот стратег, Андовски после освојување на детската лига минатата сезона со генерација “2004“ истото успеа да го стори и оваа година со помладите момчиња од “2005“. Генерацијата “2006“ и по трет последователен пат не успеаа да станат шампиони и тоа во сите сезони со различен тренер не успеаа да се искачат на врвот. Секогаш беа блиску до посакуваниот трофеј, но недостасуваше нешто можеби што го имаат другите генерации, а тие го немаат, сепак и ова е голем успех за избраниците на Јанев, кои демонстрираа одличен фудбал во текот на целата сезона, но можеби среќата и лошата реализација во завршниот удар беа проблем за младите надежи.

Дебитанска сезона во детската лига оваа сезона имаа и најмладите дечиња, родени “2009“ и “2010“ година кои не успеаа да се пласираат на завршниот турнир. Тоа е најмал проблем, со оглед дека се тоа почетници во фудбалската игра, а овие генерации во најголем дел беа склопени со рекреативците кои тренираат во Вардар. Сепак и тука во следниот период треба да се прави полека добра селекција на играчи и да бидеме далеку подобри во следната натпреварувачка сезона.

Конечниот впечаток: одлична сезона кај помладите петлиња, кои освоија голем број на трофеи, додека лоша сезона кај највозрасните категории, каде завршивме со само еден и единствен трофеј, што е искрено малку за клуб како Вардар.